ИЗВЕСТУВАЊА

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ Македонската Риболовна Федерација ги информира сите спортски и рекреативни риболовци дека на Мавровско Езеро, од 26.08 до 07.09.2026 година, ќе важи целосна забрана за риболов. Забраната се однесува на сите видови на риболов и се воведува поради подготовките и одржувањето на 26. Светско првенство во крапски риболов Маврово 2026. Во истиот период ќе биде ограничена и пловидбата со чамци, кајаци и други пловни средства, освен за надлежните служби и потребите на организацијата. Ве молиме за разбирање и почитување на мерките. МРФ Скопје
Почитувани, Во прилог може да го преземете правилникот за медиумска акредитација, пристап и работа на медиумите за времетраење на Светското првенство во крапски риболов Маврово 2026. Со почит, Македонска Риболовна Федерација
Почитувани натпреварувачи, Ве информираме дека првото и второто коло од државна лига во дисциплина „мушичка“ ќе се одржи во истиот термин (19.04.2026) на Крушевско езеро. Измената се прави бидејќи на реката Треска во истиот термин е закажан кајакарски натпревар ИКАС 2026, а воедно е донесена одлука да се започне со развој и на натпреварување во оваа дисциплина и на езерски води. Целта на Македонската риболовна федерација е постепено воведување на натпревари во дисциплината „мушичка“ и на езера, имајќи предвид дека интенцијата на останатите држави, како и досегашната меѓународна пракса, покажува дека на речиси секое меѓународно натпреварување е вклучено и едно езеро како сектор за натпреварување. Со ова се овозможува нашите натпреварувачи да стекнат искуство во различни услови на риболов и…
Почитувани, Со особена чест и гордост Ве известуваме дека Македонија и Мавровското езеро оваа година, од 2-ри до 6-ти септември се домаќини на Светско првенство во риболов на крап, едно од најзначајните натпреварувачки случувања во спортскиот риболов на глобално ниво. По тој повод, денес беше потпишан меморандум за соработка помеѓу Македонската Риболовна Федерација, Општината Маврово и Ростуше и Националниот парк Маврово, со што се означи почетокот на бројни активности поврзани со овој голем спортски настан. Претседателот на Македонската Риболовна Федерација, Филип Серафимовиќ изјави: "Со овој меморандум правиме важен чекор кон организација на Светското крапско првенство во Маврово, настан од големо значење за спортскиот риболов и за целиот регион. Ова партнерство ќе овозможи координирана подготовка и врвна организација на првенството. Посебно…
Согласно Правилникот за спортско-риболовни судии и Одлуката на Управниот одбор на МРФ за организирање на полагање за судии, МРФ објавува ПРОГРАМА За полагање на испит за спортско-риболовни судии 1. Полагањето испит за спортско-риболовни судии ќе се спроведе во дисциплините Пливка, Крап, Мушичка, Спин и Фидер, за секоја дисциплина посебно. 2. Спроведување на испитот 2.1. Испитот се врши писмено, со заокружување и дополнување на одговори на поставените прашања и понудените одговори. 2.2. За пресметување на конечните резултати од испитот, прашањата учествуваат со 100 бода. Испитот ќе се смета за положен доколку кандидатот освои минимум 80 бода. 2.3. Практичниот дел е задолжителен дел од испитот и може да се изведува на сите натпревари во организација на МРФ или РЗК каде што има…
Почитувани, Ве информираме дека уплатата за судиска такса за 2026 година изнесува 1.000,00 денари и истата се уплата на жиро-сметка 300000003255065, најдоцна до 20.03.2026 година. Со почит, Македонска Риболовна Федерација

Спортска надеж

02 Фев 2026
1289 пати
Почитувани,На 29.01.2026 godina во Македонската Опера и Балет се оддржа 71то издание на изборот на најуспешните спортисти и спортски работници, „Спортисти на годината“ за 2025, а воедно се доделија и 500 стипендии и признанија Спортска надеж на 500 талентирани млади спортисти.На наше големо задоволство, дел од наградените талентирани млади спортисти беа и три млади риболовци, натпреварувачи во рамките на системот на национални натпревари на МРФ, во ранг У-15. Наградените риболовци, добитници на стипендија се: - Веле Лазов од СРК Оскар - Кавадарци (роден 2011) - Тео Дамјаноски од ЗРРСК Св. Апостол Петар - Охрид (роден 2011) - Петар Динов од СРК Оскар - Кавадарци (роден 2014) Бистро!

Соопштение

13 Јан 2026
1389 пати
На 12.01.2026 година се одржа работен состанок помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Македонската риболовна федерација, на кој присуствуваше и Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. На состанокот беа разгледани повеќе прашања поврзани со примената на Законот за рибарство и аквакултура и со унапредување на условите за рекреативен риболов во Република Македонија. Во рамки на состанокот беше отворено прашањето за можноста за намалување на цената на државната дозвола за рекреативен риболов, при што беше констатирано дека постои подготвеност од страна на министерството да се излезе во пресрет на ова барање. Притоа беше посочено дека за реализација на ваква мерка е потребно извесно време, односно дека не може да се спроведе веднаш, поради потребата од спроведување на соодветни законски…

 

 

 

 

 

ЖИРО СМЕТКА

Македонска риболовна федерација

Ж-сметка: 3000000001910-29

Депонент: Комерцијална Банка

СПОРТСКА СМЕТКА

МРФ Скопје спорт

Ж-сметка: 3000000032550-65

Депонент: Комерцијална Банка

КОНТАКТ

Булевар Кочо Рацин бр. 75
1000 Скопје, Македонија
Тел: +389 2 3164 509
Е-пошта: contact@mrf1952.mk

РАБОТНО ВРЕМЕ

Работно време на МРФ

понеделник - петок

07:30 - 15:30