Програма за Прва Спортско-риболовна Лига 2024 дисциплина Пливка категорија Сениори, У-25 и У-20 за Прво и Второ коло

02 Апр 2024
186 пати

ПРОГРАМА

 

за Прва Спортско-риболовна Лига 2024 дисциплина Пливка

категорија Сениори, У-25 и У-20

за Прво и Второ коло

 

 

            Согласно усвоениот Календар и Пропозициите за Спортско-риболовни натпревари за 2024 година, ја објавуваме програмата за Прво и Второ коло од натпреварите во Првата Лига дисциплина Пливка.

 

Организатор на натпреварот: Македонската Риболовна Федерација и Натпреварувачката комисија за дисциплина Пливка.

                       

Место на одржување: Тиквешко Езеро, патека Модри Стени

Термин:  13.04.2024 (сабота) – Прво коло

                 14.04.2024 (недела) – Второ коло

 

            Право на учество во Првата Лига во натпреварувачката 2024 година имаат сите РЗК со една или повеќе екипи, доколку навремено се пријават, ја уплатат годишната членарина и котизација за 2024 година и ги достават сите потребни документи. Краен рок за пријавување е 07. Април 2024 година.

 

            Уплата за котизација и спортски легитимации на:

            Ж-сметка: 300 0000001910-29         Депонент: Комерцијална Банка - Скопје

 

            Сите РЗК што ќе се пријават за учество во Првата Лига во конкуренција Сениори, задолжително  мора  да пријават и најмалку еден натпреварувач во категориите У-20 или У-25.

            Право да пријават свои натпреварувачи за оваа лига, имаат и РЗК кои немаат екипа во сениорска конкуренција, доколку навремено се пријават и ги исполнат пропишаните обврски спрема МРФ. Бројот на натпреварувачи не се ограничува.

            За категорија У-25 натпреварувачот во 2024 да не полни повеќе од 24 години, а за  категорија У-20 да не полни повеќе од 19 години.

            Помлад натпреварувач може да настапи само во една категорија повисоко (У-25 во сениори, У-20 да настапи во У-25 и У-15 да настапи во У-20 категорија). Доколку натпреварувач од У-15 настапи во категоријата У-20 не го губи правото да се натпреварува на Државното Првенсто за У-15 и Купот Рибарче (може да учествува во својата категорија).

            Екипите се составени од 3 (три) натпреварувачи, 1 (еден) резервен натпреварувач, еден натпреварувач (У-20 или У-25) и 2 (два) капитени на екипата. За утврдување на идентитетот, членовите на екипите задолжително треба да поседуваат Спортски легитимации за 2024 год.

 

            На патеката се активни следните видиви риби: плашица, црвеноперка, карас, крап, сончарка, костреж, клен, попадика и др. Дозволено е да се ловат сите видиви риби без ограничување на големината.

 

            Во натпреварите од Првата лига, нема ограничување на риболовниот прибор и техниките на ловење, освен во категоријата У-20 каде риболовната трска не смее да биде подолга од 11,5 метри.

 

 

 

Саатница:

12.04.2024. (петок)  

            08:00 – 18:00  Официјален тренинг

 

13.04.2023 (сабота) Прво коло

                   До 07:30  пристигнување и пријавување на екипите

            07:30 – 08:00  извлекување на стартните позиции

            08:00 – 08:15  свечено отворање на Првата лига

            08:15 – 08:30  пристап до стартните места

                         08:30  влегување во стартните места

                         09:15  пет минути до контрола на прихраната и мамките

                         09:20  контрола на прихраната и мамките

                         10:20  тешка прихрана

                         10:30  почеток на ловењето риби

                         14:25  пет минути до крајот на натпреварот

                         14:30  крај на ловењето риби

 

 

14.04.2023 (недела) Второ коло

                   До 07:15  пристигнување и пријавување на екипите

            07:15 – 07:45  извлекување на стартните позиции

            07:45 – 08:00  пристап до стартните места

                         08:00  влегување во стартните места

                         08:45  пет минути до контрола на прихраната и мамките

                         08:50  контрола на прихраната и мамките

                         09:50  тешка прихрана

                         10:00  почеток на ловењето риби

                         13:55  пет минути до крајот на натпреварот

                         14:00 крај на ловењето риби

 

 

Судиската комисија ќе го одреди потребниот број на судии.

 

 

Ви посакуваме богат улов и БИСТРО!

 

 

 

 

                                                            Подготвено од Натпреварувачка комисија – Пливка

                                                                        тел. 070 26 27 28           Претседател,

                                                                                                             БОРЧЕ ЕЛЕНОВ

 

ЖИРО СМЕТКА

Македонска риболовна федерација

Ж-сметка: 3000000001910-29

Депонент: Комерцијална Банка

КОНТАКТ

Булевар Кочо Рацин бр. 75
1000 Скопје, Македонија
Тел: +389 2 3164 539
Факс: +389 2 3164 509
Е-пошта: contact@mrf1952.mk

РАБОТНО ВРЕМЕ

Работно време на МРФ

понеделник - петок

07:00 - 15:00