Испечатете ја страната

Оглас за продажба на Опел Виваро

09 Окт 2026
19 пати

Почитувани,

Согласно одлуката на Управен одбор на МРФ од 15-тата седница одржана на 23.09.2026, огласуваме лицитациона продажба на службено возило Опел Виваро, сопственост на МРФ, со почетна цена од 120.000 денари.

Понуди имаат право да дадат сите заинтересирани страни, а предност при купување со понудена иста висина на сума ќе имаат риболовни здруженија кои се членки на МРФ.

Понудите да се достават до техничката служба на МРФ, најдоцна до 19.10.2025 година во 12:00 часот, во затворен плик, со назнака “ПОНУДА ЗА ОПЕЛ ВИВАРО“, без други информации на пликот. Понудата се состои од писмена понуда со јасно понудена цена изразена во ДЕНАРИ и контакт податоци за понудувачот.

МРФ го задржува правото да не го продаде возилото доколку не добие соодветна понуда.

За дополнителни информации во врска со возилото обратете се до Благе Денковски, контакт телефон 070/237-442

Со почит,

Македонска Риболовна Федерација.