Испечатете ја страната

Спортска надеж

02 Фев 2026
17 пати

Почитувани,

На 29.01.2026 godina во Македонската Опера и Балет се оддржа 71то издание на изборот на најуспешните спортисти и спортски работници, „Спортисти на годината“ за 2025, а воедно се доделија и 500 стипендии и признанија Спортска надеж на 500 талентирани млади спортисти.

На наше големо задоволство, дел од наградените талентирани млади спортисти беа и три млади риболовци, натпреварувачи во рамките на системот на национални натпревари на МРФ, во ранг У-15.

Наградените риболовци, добитници на стипендија се:

- Веле Лазов од СРК Оскар - Кавадарци (роден 2011)

- Тео Дамјаноски од ЗРРСК Св. Апостол Петар - Охрид (роден 2011)

- Петар Динов од СРК Оскар - Кавадарци (роден 2014)

Бистро!

Галерија