ИЗВЕСТУВАЊА

Известување

07 Окт 2015
11740 пати
Почитувани,Ве известуваме дека УКИМ Институт за сточарство ги изработи нацрт верзиите на Риболовните основи за риболовните води во Република Македонија согласно Договорот број 02-7560/1 од 01.07.2015 година, склучен помеѓу МЗШВ и УКИМ ИС – Скопје.Со склучениот Договор Институтот е обврзан да ја запознае јавноста со содржината на Нацртот на риболовните основи. Согласно оваа обврска ве известуваме дека Риболовните основи се поставени на интернет страната на Институтот за сточарство www.istoc.ukim.edu.mk, а истите се превземени и од Македонската Риболовна Федерација и се постирани и на страната на МРФ www.MRF1952.mk, како би можело јавноста да биде запозната со содржината истите.Сите забелешки по нацрт риболовните основи ќе бидат примани во писмена форма на адресата на УКИМ Институт за сточарство “Иле Илиевски” 92а, 1000, Скопје…
Македонската Риболовна Федерација ги поканува сите заинтересирани риболовци да земат учество на државниот куп во дисциплина “спин“ кој ќе се одржи на 25.10.2015 на Мавровско езеро. Програмата и правилникот за овој куп може да ги преземете со кликање на долниот линк. Бистро
ЗСРРК Вардар Скопје во изминатиов перид односно во месеците април–мај 2015 година на риболовниот ревир Вардар 11 односно од Демир Капија до Гевгелија на неколку наврати беа направени акциски контроли од кои беше констатирано следното:- Одземени и откриени се поголем број на недозволени средства мрежи ноќници и серкмиња од познати сторители и против истите се поднесени соодветни кривични пријави до надлежната институција. Одземените недозволени средства се фотографирани и истите доставени како материјален доказ.- Одземени беа 42 мрежи три серкмиња , две чекала како и големо количество на риба од видот на бојник, клен, попадика, мрена, карас , крап и сом која дел од неа беше уредно вратена во водите на реката Вардар бидејќи беше сеуште жива а се во присаство…
Во прилог е емисијата РИБАРСКА ВИСТИНА - Прва крапска риболовна лига, второ коло, втор дел, снимена од страна на Радован Димитриевски.

Саем на федерации 2015

08 Јун 2015
10501 пати
На 05.06.2015, Македонската Риболовна Федерација учествуваше на Саемот на федерации во организација на Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортови, кој се одржа во Сити Мол во Скопје. Проследете ги фотографиите од настанот :)
Во прилог е емисијата РИБАРСКА ВИСТИНА - Прва крапска риболовна лига, второ коло, прв дел, снимена од страна на Радован Димитриевски.
Во прилог е емисијата РИБАРСКА ВИСТИНА - Прва крапска риболовна лига, прво коло, снимена од страна на Радован Димитриевски.
Врз основа на одлука на Управниот Одбор на Македонска Риболовна Федерација за оттуѓување на половно моторно возило, се објавува јавна продажба на: Патнично моторно возило Лада Нива, година на производство 1999 (SK-461-OC). Возилото е регистрирано и во возна состојба. Продажбата се врши на принцип видено-купено. Возилото може да се погледне на паркингот позади Мекдоналдс во населба Аеродром, лице за контакт Миодраг Пешиќ (071/399-110). Поставената фотографија е само од информативна природа.

 

ЖИРО СМЕТКА

Македонска риболовна федерација

Ж-сметка: 3000000001910-29

Депонент: Комерцијална Банка

КОНТАКТ

Булевар Кочо Рацин бр. 75
1000 Скопје, Македонија
Тел: +389 2 3164 539
Факс: +389 2 3164 509
Е-пошта: contact@mrf1952.mk

РАБОТНО ВРЕМЕ

Работно време на МРФ

понеделник - петок

07:00 - 15:00