Покана за рибарска средба

18 Ное 2014
11202 пати

Почитувани,

На ден 13.12.2014 година со почеток во 19.30 часот, во организација на Македонска Риболовна Федерација, во мотелот „Лозар“ на езерото „Младост“ – Велес, ќе се одржи втора по ред средба на вљубениците во природата и рекреативниот и спортски риболов „РИБАРСКА ВЕЧЕР 2014“.

Во рамките на прославата ќе бидат прогласени и најдобрите екипи и поединци во Република Македонија, во сите дисциплини и категории, кои со постигнатите резултати, своето залагање и умеење ја одбележаа оваа натпреварувачка 2014 година.
Поради тоа ќе бидеме почестени доколку присуство на оваа наша втора заедничка средба земат учество сите вљубеници во природата и спортско-рекреативниот риболов.

Надоместот за влезница со комплетно мени изнесува 850.00 денари по човек.

Се надеваме дека и Вие ќе бидете дел од овој настан.

За подетални информации можете да се обратите секој работен ден од 07.00 до 15.00 часот на тел. 02 3164-539 или 072/225-770 (Г-дин Кирил Нацевски)

Со спортски поздрав БИСТРО !!!

 

 

 

ЖИРО СМЕТКА

Македонска риболовна федерација

Ж-сметка: 3000000001910-29

Депонент: Комерцијална Банка

КОНТАКТ

Булевар Кочо Рацин бр. 75
1000 Скопје, Македонија
Тел: +389 2 3164 539
Факс: +389 2 3164 509
Е-пошта: contact@mrf1952.mk

РАБОТНО ВРЕМЕ

Работно време на МРФ

понеделник - петок

07:00 - 15:00