Испечатете ја страната

Известување за промена на локација на натпревар

10 Авг 2016
8912 пати

Почитувани,


Ве известуваме дека Куп-от на Република Македонија „Илинден 2016“ во дисциплина „Пливка“ и 4-то и 5-то коло од 1-та спортско риболовна лига во конкуренција У20 и У25, кои беа предвидени да се одржат на акумулацијата Мавровско езро, ќе се одржат во истиот термин (20 и 21.08.2016 година) и по иста саатница како е објавено на веб страницата на МРФ (www.mrf.mk), со тоа што за местото на одржување е одредена патеката во заливот Брушани на акумулацијата Тиквешко езеро.

Последниот термин за пријавувањето на екипите и поединците за учество на овој натпревар, како и барање за изработка на спортски легитимации (за натпреварувачи кои до сега немаат извадено спортска легитимација) е 16.08.2016 година. Барањата и пријавите се поднесуваат на поштенска адреса Бул. Кочо Рацин бр.75 1000 Скопје, или на е-мејл адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

За утврдување на идентитетот сите натпреварувачи задолжитено да поседуваат спортска легитимација.

Уплата на котизација за Куп-от на Република Македонија „Илинден 2016“ да се уплати на спортската сметка на МРФ најдоцна до 17.08.2016 година.

На екипите кои до овој термин нема да поднестат пријава за учество и нема да ја уплатат пропишаната котизација, нема да им биде овозможено учество на натпреварот.

Поздрав,

Македонска Риболовна Федерација