Известување за 1-ва Спортска риболовна лига во дисциплина „ Пливка‘‘

07 Апр 2016
8896 пати

Согласно усвоениот календар за натпревари во организација на МРФ за 2016 година за 1-ва Спортска риболовна лига во дисциплина „ Пливка‘‘, заклучно со 25.04.2016 година потребно е да доставите Ваши пријави за учество во лигата. Клубовите кои ќе пријават свои екипи, заедно со пријавата, потребно е да приложат и:

• Уплата за годишна членарина во МРФ за 2016 година во висина од 3.000 ден
• Уплата за котизација за учество во лигата во висина од 4.000 денари
• Уплата за спортски легитимации за сите натпреварувачи и капитени
• Список на натпреварувачи и капитени
• Лекарски уверенија за сите натпреварувачи
• Лично осигурување за сите натпреварувачи
• Договор со клубот за натпреварувачите и капитените доколку истите немаат важечки договори за 2016 година
• Пријава на најмаку еден натпреварувач по здружение во категирија U-20 и U-25, кои наредната година не треба да полнат 25 години (оваа, 2016 година, да полнат максимум 23 години).

Воедно, согласно Пропозициите за натпревари за 2015 година во организација на Македонската Риболовна Федерација, 2-ро и 3-то пласираните екипи во лига натпреварите во дисциплина „Пливка“ (ЗСРРК „Вардар“ – Скопје и ЗСРРК„ Пчиња“ – Куманово), најдоцна до горенаведениот рок да го потврдат своето учество на Јадраско – Подунавскиот Куп, кој оваа година, во период од 20.05 – 22.05.2016, ќе се одржи во Доњи Михољац – Хрватска.

Скопје, 05.04.2016 г.


Македонска Риболовна Федерација

 

ЖИРО СМЕТКА

Македонска риболовна федерација

Ж-сметка: 3000000001910-29

Депонент: Комерцијална Банка

КОНТАКТ

Булевар Кочо Рацин бр. 75
1000 Скопје, Македонија
Тел: +389 2 3164 539
Факс: +389 2 3164 509
Е-пошта: contact@mrf1952.mk

РАБОТНО ВРЕМЕ

Работно време на МРФ

понеделник - петок

07:00 - 15:00