Известување

07 Окт 2015
11671 пати
Почитувани,

Ве известуваме дека УКИМ Институт за сточарство ги изработи нацрт верзиите на Риболовните основи за риболовните води во Република Македонија согласно Договорот број 02-7560/1 од 01.07.2015 година, склучен помеѓу МЗШВ и УКИМ ИС – Скопје.

Со склучениот Договор Институтот е обврзан да ја запознае јавноста со содржината на Нацртот на риболовните основи. Согласно оваа обврска ве известуваме дека Риболовните основи се поставени на интернет страната на Институтот за сточарство www.istoc.ukim.edu.mk, а истите се превземени и од Македонската Риболовна Федерација и се постирани и на страната на МРФ www.MRF1952.mk, како би можело јавноста да биде запозната со содржината истите.

Сите забелешки по нацрт риболовните основи ќе бидат примани во писмена форма на адресата на УКИМ Институт за сточарство “Иле Илиевски” 92а, 1000, Скопје или на E.mail> Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. до 14.10.2015 година.

На 15.10.2015 година со почеток во 12 часот во просториите на МЗШВ ќе се одржи јавна расправа по Нацрт риболовните основи.

Со почит

Македонска Риболовна Федерација
ПРЕЗЕМЕТЕ ГО ПРИЛОГОТ:

 

ЖИРО СМЕТКА

Македонска риболовна федерација

Ж-сметка: 3000000001910-29

Депонент: Комерцијална Банка

КОНТАКТ

Булевар Кочо Рацин бр. 75
1000 Скопје, Македонија
Тел: +389 2 3164 539
Факс: +389 2 3164 509
Е-пошта: contact@mrf1952.mk

РАБОТНО ВРЕМЕ

Работно време на МРФ

понеделник - петок

07:00 - 15:00