Продажба на половно моторно возило

07 Мај 2015
15888 пати

Врз основа на одлука на Управниот Одбор на Македонска Риболовна Федерација за оттуѓување на половно моторно возило, се објавува јавна продажба на:

Патнично моторно возило Лада Нива, година на производство 1999 (SK-461-OC). Возилото е регистрирано и во возна состојба.

Продажбата се врши на принцип видено-купено. Возилото може да се погледне на паркингот позади Мекдоналдс во населба Аеродром, лице за контакт Миодраг Пешиќ (071/399-110). Поставената фотографија е само од информативна природа.

Почетната цена на возилото изнесува 500 евра во денарска противвредност по среден курс на НБРМ на денот на отворањето на понудите.

Доставата на понудите се врши лично или по пошта, во затворен плик, најдоцна до 25.05.2015 во 12:00 часот.

На пликовите да стои адресата на МРФ и назнака “За купопродажба на моторно возило“:

бул. Кочо Рацин бр.75
1000 Скопје, Македонија

По отворањето на понудите на 25.05.2015 во 12:00, оној понудувач кој понудил највисока цена го добива правото да го купи возилото, со тоа што треба во рок од 5 (пет) дена од денот на отворањето на понудите да ги уплати понудените средства. Понудите може да бидат изразени во денари или во евра, со тоа што доколку понудата е во евра, уплатата се врши исклучиво во денари по среден курс на НБРМ од 25.05.2015

Сите обврски кои произлегуваат од продажбата (ДДВ, данок на промет, заверка и сите други трошоци поврзани со купопродажбата) паѓаат на товар на купувачот.

Македонска Риболовна Федерација

 

ЖИРО СМЕТКА

Македонска риболовна федерација

Ж-сметка: 3000000001910-29

Депонент: Комерцијална Банка

КОНТАКТ

Булевар Кочо Рацин бр. 75
1000 Скопје, Македонија
Тел: +389 2 3164 539
Факс: +389 2 3164 509
Е-пошта: contact@mrf1952.mk

РАБОТНО ВРЕМЕ

Работно време на МРФ

понеделник - петок

07:00 - 15:00